1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите во САД до последен час

27 јули 2011

Републиканците го одложија најавеното гласање на нивниот пакет мерки за излез од кризата во САД . Администрацијата на Обама претходно најави дека ќе стави вето на опозицискиот план

https://p.dw.com/p/124jp
Барак ОбамаФотографија: AP

Во САД се` уште не е на повидок договор околу подигањето на максималната граница на државно задолжување. Републиканците го одложија гласањето околу нивниот пакет-мерки за штедење за најмалку еден ден, до утре. Причина за тоа се пресметките на независни експерти, кои утврдија дека планот на републиканците нема да ги донесе посакуваните заштеди. Набљудувачите сметаат дека преговорите меѓу републиканците и демократите ќе траат до последен час, односно до 2. август.

Шефицата на Меѓународниот монетерeн фонд, Кристин Лагард, уште еднаш ги повика спротивставените страни во САД да најдат заедничко решение во несогласувањата околу државните задолжувања. Времето истекува, рече Лагард во Њујорк. Фискален шок во САД би имал „сериозни последици“ врз целиот свет, предупреди шефицата на ММФ. Затоа мора колку што е можно поскоро да се донесе план за санирање на американските државни финансии, нагласи Лагард.

Автор: ТТ/дв

Редактор: Симе Недевски