1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предизборен молк во Грузија

ЖА/миа30 септември 2012

Со митинзи на опозициската коалиција „Грузиски сон“ (КО) во двата најголеми града во Грузија, Тбилиси и Кутаиси, синоќа официјално заврши кампањата за утрешните парламентарни избори.

https://p.dw.com/p/16HiD
Фотографија: Getty Images

Од митингот во Тбилиси, лидерот на „Грузиски сон“, милијардерот Бидзина Иванишвили (на фотографијата горе) порача дека утрешниот ден ќе биде „ден на раѓањето на една нова Грузија“ и изрази уверување дека неговата коалиција ќе победи на изборите.

Свој завршен митинг вчера одржа и владејачкото Обединето национално движење (ЕНМ), од кој грузискиот претседател Михаил Саакшвили порача дека утрешните избори се решавачки за иднината на земјата.

Georgien Tiflis Wahlen
Грузискиот претседател Михаил СакашвилиФотографија: dapd

Во Грузија денеска е предизборен молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места утре вечер.

Утрешните избори во поранешната советска република, на кои учествуваат 17 партии и две коалиции, ќе ги следат над 30.000 домашни и околу 600 странски набљудувачи.

Според анкетите на јавното мислење, се очекува ЕНМ да освои околу 36 отсто од гласовите, пред КО со околу 18 проценти и Христијанско демократското движење (КДМ) со три отсто.