1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предизборни групирања

Горан Петрески 24 април 2008

Европскиот парламент се надева дека изборите во Македонија нема да биде причина за доцнење на реформите во земјата на патот кон ЕУ. Иако кампањата официјално не е почната, во Македонија веќе се води предизборна битка.

https://p.dw.com/p/Dnlb
Изборен локал во МакедонијаФотографија: picture-alliance

НСДП на Тито Петковски од владејачката колација се враќа во редовите на Социјалдемократите. Договорен е заеднички настап на изборите што ќе биде објавен кога партиските раководства ќе го формализират договорот. Во опозициската колација влегува и ЛДП, а во тек се преговори со Либералната партија на Стојан Андов којашто се поизвесно и става крај на долгогодишната колација со ВМРО ДПМНЕ.

Во атмосфера на партиски договорања, зачестени инциденти и неформална предизборна кампања што зема се поголем замав, рејтингот на партиите е без поголеми осцилации.