1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлогот за измена на законот за празници - предизвика внимание во македонската јавност

Сашко Димевски21 декември 2006

Предлогот на владата за измени во законот за празници, предивзика голем интерес кај пратениците во македонското собрание. Додека едните го одобруваат, другите со забелешки и свои предлози.

https://p.dw.com/p/AdaG

Со измените за законот за празници, влaдата предлага три нови државни празници и славење на уште осум други црковни. За државни празници се предложении 24 мај Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, потоа 23 октомври - денот на македонската револуционерна борба и 8 декемрви Св. Климент Охридски. Додека од црковните празници, како предлози се дадени, Бадник, Велики Петок, Задушница, Водици, Голема Богородица и Рамазан Бајрам. Воедно кабинетот на Груевски предлага да нема веќе одмор на вториот ден од Нова Година и Денот на трудот 2 мај.

За припадниците на муслиманската заедница за празник се предлага и денот на Албанската азбука, додека за католиците Денот на мртвите.

Овој владин предлог што е ставен на дневен ред на Парламетот предизвика голема реакција од партиите. Пратениците веќе имаат поднесено над 100 амандмани, со педлози на нови празници или бришење на предложените, па затоа и се инсистира законот да се донесе во две фази, што би значело,уште еднаш премерување и слушање на ставовите не експертската јавност, верските заедниц и граѓаните. Најмногу се реагира на вметнувањето на 23 октомври, или денот на формирањето на ВМРО, како државен празник и посебно на укинувањето на 2 јануари и 2 мај како денови предвидении за прзнување.

Владиниот предлог е неприфатлив за владината НСДП, што според потпретседателото на собранието Иван Анастасовски му е јасно кажано и на премиерот Груевски. За тоа дали со пројавеното разногласие владата запаѓа во прватат посериозна криза Анастасовски со став „Во принцип во политиката секогаш мора да се правата одредени компромиси, важно е што децидно и јасно кажавме дека не се согласуваме со тој предлог, дури и му предочивме некои аргументи на премиерот. Верувам дека тој сериозно ќе ги сфати нашите сугесиии и забелешки и ќе размислува во правец да предлогот оди во две фази. “

Според НСДП слично во парламентот ќе помине и законот за веронаука, за кој оваа партија исто така има резерви.

За владачката ВМРО ДПМНЕ нема никаков проблем, и од таму велат дека сите што се противат на новите празници всушност имаат проблеми со идентитетот. Тие сметаат дека со новите празници се прави квалитетен исчекор кон европските стандарди на славење на празниците „Направен е џиновски скок. Владата настапи на начин, респектирајќи ги чувстватат на сите во Република Македонија.“ вели пратеникот Оливер Шамбевски од ВМРО ДПМНЕ.

Меѓутоа дека владата има потреба да го слуша импулсот на јавноста, упатува и првата реакција на МПЦ. Оттаму пред еден месец се инсистирташе владата да покаже мерка и со празнициите да не ги ирирттира етничките заедни. „ МПЦ нема ништо против од воеведување повеќе празници, и чествување како општо државни. Но во ниеден случај не бара или не се затапува за било каква причина да се изнајде, за кави било меѓуверски или меѓунациоанлни недоразборање. Бараме реален пристап, со мера, курс кој е пожелен за сите граѓани на Република Македонија. Па и за Македонците од православната црква.“ истакна портпаролот на МПЦ, Митрополитот дебарско – кичевски при промоцијата на новите државни и црковни празници.