1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлогот на Нимиц сеуште е тајна

Александар Чомовски 20 февруари 2008

Медијаторот Метју Нимиц од Атина испрати пакет предлог до владите на Македонија и Грција за решавање на спорот. Содржината сеуште е тајна, а грчките медиуми шпекулираат што содржи предлогот. Какви се ракциите во Грција?

https://p.dw.com/p/DAUA
Метју Нимиц, медијатор во грчко - македонскиот спорФотографија: Macedonian Information Agency
Ниту Скопје ниту Атина не ја обелоденува содржината на пакетот на медијаторот Метју Нимиц. Како во Македонија така и Грција врши интензивни разговори по вчерашната трилатерална средба. Денеска (20.02.08) шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани го информира претседателот Каролос Папуљас, кој воедно ја потпиша и времената спогодба во Њујорк пред повеќе од десет години. Треба да заседава и грчкиот национален совет за надворешна политика во која е и шефот на опозициската ПАСОК, Папандреу. Тој пред доаѓањето на Нимиц во Атина ги повика грчките власти да стават вето за приемот во евроатланскиот сојуз. Според грчките медиуми неспорно е дека се работи за билатерална формула - едно име за односите со Грција друго за веќе вопсоставените односи со државите што го признаваат уставното име на Македонија. Во Грција медиумите шпекулираат со повеќе имиња кои наводно се во оптег, а на телевизијата се водеа дебати околу грчко - македонското прашање. Медиумите во Грција посебно внимание посветија и на синоќешните демонстрации во Скопје пред грчката амбасада. Владата во Атина остро протестираше против нападот врз грчката телевизиска екипа во Скопје.