1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлог за контрола на секаков транспорт

Моника Дитрих22 август 2006

Поимот “Заштита од тероризам“ деновиве во Германија е најповторуваниот. Се почесто се говори за заштита од тероризам на домашниот пазар, на пример, при транспорт на стока. Комисијата на ЕУ предложи во иднина секоја стока што се транспортира да биде контролирана. Сојузот на германската трговија на големо и надворешната трговија, БГА, се спротивставува на ваквиот предлог. Тоа тешко дека може да се сп

https://p.dw.com/p/AeL4
Фотографија: AP

�оведе, а освен тоа е и многу скапо – се вели во БГА.

Кога Герхард Риман помислува на најновите идеи од Брисел – поцрвенува. Риман е сообраќаен експерт во Сојузот на германската трговија на големо и надворешната трговија, и овие денови мора да се занимава со еден европски предлог документ кој би требало да се погрижи за поглема безбедност на европските транспортни патишта. Тоа е претерано, смета Риман, зашто терористите во визир го имаат транспортот на луѓе, а не на стока.

“Страшно бесмислено е кога еден камион со јаболка или јагоди патува низ германските патишта до крајниот потрошувач, а вие мора да документирате што точно тој прави, да ја определите секоја негова станица, секој агол на кој што смее да застане, да контролирате и да внимавате дали камионот е секогаш затворен и.т.н. “

Европската комисија бара повисоки безбедносни стандарди за секое претпријатие кое учествува во синџирот на транспорт. Така, шпедициите и транспортните претпријатија мора да ги обучуваат своите соработници за одбрана од опасности. Предвидени се и посилни контроли на пристапите до магацините. Со предлог уредбата Европската комисија има намера, меѓу другото, да спречи терористите да шверцуваат оружје и експлозив.

Сојузот на германската трговија на големо и надворешната трговија смета дека уредбата е бирократска и прескапа. Средни претпријатија би морале на пример да сметаат со 100 до 300 илјади евра годишно дополнителни трошоци. Европската комисија, велат во сојузот, треба да го види примерот на САД, каде безбедносните стандарди по 11 септември 2001 година беа зајакнати:

“Сите мерки, или претежно сите мерки во САД се плаќаат од страна на државата, а не од претпријатијата. Само за споредба – овде се се урива врз претпријатијата, без оглед дали се тие безбедносно загрозени или не.“

Сојузот на германската трговија на големо и надворешната трговија сега има намера да ја убеди германската влада да ја отфрли предлог уредбата од Брисел.