1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлог за нови изборни правила

Александар Чомовски 31 август 2007

Бројот на парламентарците во македонското Собрание можно е да се зголеми. Според новиот предлог закон треба да се гарантираат места за тројца пратеници од дијаспората и десет од помалите малцинства во Македонија.

https://p.dw.com/p/BZzK
Собранието во СкопјеФотографија: picture-alliance/ dpa

Наредните шести парламентарни избори ќе го зголемат бројот од 120 на 133 пратеници. Ако се усвојат новите изборни правила, македонските иселеници ќе имаат тројца претставници, по еден од Јужна и Северна Америка, еден од Австралија и Нов Зеланд и еден од Европа, како претставници на дијаспората во Парламентот. Изборите за нив ќе се оддржуваат во диполматско конзуларните претсавништва и поради овој мотив Македонија реши да отвори три нови конзулати, во Минхен, Мелбурн и Венеција.

Тројцата пратеници од дијаспората ќе ја значат државата значајни финаисиски средства, од органзииарање на изборите до нивно активно учество во политичкиот живот во Македонија. Нема прецизни податоци колку македонски државјани со прво на глас во моментов живеат во емиграцијата.

Потребата од етнички баланс ја мотивира Владата, да иницира и листа за помалите етнички заедници. Десетте дополнителни собраниски места ќе ги гласаат Турците, за четири свои пратеници, по двајца Ромите и Србите додека Власите и Бошњаците ќе избираат по еден пратеник во идниот парламент и на следните избори 2009 или 2010 година. – За заедниците цела Република Македонија ќе биде една изборна единица, и на избирачкото ливче, значи на редовното избирачко ливче ќе има една црта и под таа црта ќе се наоѓаат листите за припадниците на заедниците. Објасни дел од новите законски решенија владиниот гласноговорник Ивица Боцевски.

Досега партиите на помалите етнички заедници, главно коалицираа со големите македонски блокови СДСМ или ВМРО ДПМНЕ. Тие го раскршија својот етнички кампус со внатрешна конкуренција на две до три партии меѓу Турците, Србите, Ромите, Власите и Бошњаците, но и сега се присутни во Парламентот како избраници на народото.

Поради одбегнување на мајоризацијата, вградена е така наречената Бадентерова формула или модел без мнозинските гласови, согласност од Албанците и петте други етнички заедници не може да се донесуваат закони што задираат во културните или националните права на малцинствата во Македонија. Според последните статистички податоци, од 33 насто не - македонско население Албанците се најбројни, потоа Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и Власите кои се и споменати во Уставот.