1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлог уставот го поделува Египет

ЖА/АТ/дпа/дапд14 декември 2012

Опозицијата во Египет со широка медиумска кампања повторно врши притисок против референдумот за донесување на предлог-уставот, закажан за утре.

https://p.dw.com/p/172F1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Со огласи во весниците и телевизиски спотови под мотото „Устав кој го дели Египет“, опозицијата ги повикува граѓаните на референдумот да гласаат против предложениот устав на земјата кој носи печат на исламистите. Освен тоа опозицијата повика на масовни демонстрации за денеска.

Носителот на Нобеловата награда за мир Мохамед ел Барадеј го повика египетскиот претседател Мохамед Мурси да го одложи референдумот за предлог уставот. Според еден телевизиски извештај, Барадеј предупредил од можна граѓанска војна, доколку не го повлече референдумот закажан за утре. Ако гласањето се одржи, Ел Барадеј ги повика граѓаните да гласаат со „не“. Предлог уставот како и самиот референдум се спорни во Египет. Опозицијата не ги признава. Во изминатите недели се одржаа масовни протести со насилни судири, при кои повеќе лица го загубија животот.

Муслиманските браќа и другите исламисти напротив вршат голема кампања во корист на донесување на уставот. „Да за уставот значи да за исламот“, гласи нивното мото.