1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред кои предизвици стои МАНУ?

25 мај 2010

„Во развиениот свет во кој веќе се живее иднината, изучувањето на минатото и на историјата почнаа да го губат некогашното исклучиво посесивно значење“ оцени претседателот на МАНУ, Георги Старделов на Годишното заседание.

https://p.dw.com/p/NW5S
Зградата на МАНУ во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Македонската академија на науките и уметностите -МАНУ денеска (25.05.2010) го одржува 43. Годишно собрание. На Собранието беа разгледани Извештајот за работата на МАНУ во 2009 година и Програмата за работа на оваа институција во 2010 година.

Експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2009 и 2010 година" поднесе претседателот на Академијата Георги Старделов.

„Во развиениот свет во кој веќе се живее иднината, изучувањето на минатото и на историјата почнаа да го губат некогашното исклучиво посесивно значење, што кому му припаѓа“, оцени претседателот на МАНУ, Георги Старделов на годинашното Годишно собрание.

Тој вешто го одбегна проблематизирањето на Македонската енциклопедија, што над шест месеци беше топ тема во земјата поради несогласувањата со одредени историски претставувања на настани и личности во оваа публикација на МАНУ. Македонската енциклопедија меѓутоа ги разбранува духовите и на Балканот, според информации на Старделов, научници во научни списанија од Бугарија, Србија, Грција и Албанија вршат општ напад врз ова дело за присвојување на нивната историја.

Во воведното излагање на 43. годишно собрание, Старделов изјави дека очекува формирање Истражувачки центар за албанска култура, јазик и историја во Македонија. На Собранието се разгледуваат и Извештајот за работата на МАНУ во 2009 година и Програмата за работа на оваа институција во 2010 година.

Автор: ЖА/ АТ/ АЧ

Редактор: Жана Ацеска