1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред македонските пратеници интерпелација за Јанкуловска

30 јули 2010

Парламентот расправа по интерпелацијата за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Повод за интерпелацијата е инцидентот од 1 јули, но опозицијата има бројни забелешки за работата на МВР.

https://p.dw.com/p/OYGe
Гордана ЈанкуловскаФотографија: DW

Расправата по интерпелацијата за работата на минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска тече во тензична амтосфера. Пратениците се’ уште се под импресија на инциндентот од 1 јули што е непосреден повод за поднесување на интерпелацијата. Во наелектризиран амбиент полн со емоции се вкрстуваат обвинувања и лични навреди.

Причините за интерпелацијата поднесена од пратеничките групи на СДСМ и НСДП ги наброи пратеникот Јани Макрадули. Тој рече дека Јанкулоска ќе биде запаметена по периодот во кој во Македонија се инсталира полициска држава: „Кој дал наредба за полицискиот упад во Собранието. Сето тоа се случи за да се сокрие срамот од лажните ветувања. Упадот на полиција во нормална деморкатија значи оставка на Влада.“

Министерката Јанкулоска во одговорот кажа дека интереплацијата ќе овозможи да се слушне вистината за инцидентот. „Неколкумина промовираа насилничко и примитивно однесување, примена на брутална сила, кој за нив е супериорна во однос на зборот. Нивните визии за промоција на насилството како начин на дијалог претставуваат срам за нив лично и за Собранието“, рече Јанкулоска и праша: „Кога нашите меѓународни партнери велат дека реформите во МВР се на вистинскиот пат, останува да се прашаме, на кој пат сакаат да не однесат потписниците на интерпелацијата. Се надеваме дека тоа не е патот на нерасчистените и намерно или ненамерно, неспречените атентати, мистериозните авионски несреќи, исчезнувањата на дроги од депоата, шверцот, октоподите и сите трагедии кои одбележаа еден поинаков систем на размислување и сфаќање на власта“.

Mazedonien Das Parlament in Skopje
Фотографија: Petar Stojanovski

Инцидентот, што го девалвира меѓународниот углед на Македонија и што ќе биде нотиран во извештајот на Европската комисија, се случи по расправата на која владеачкото мнозинство го одби предложениот закон од опозицијата за згрижување на стечајците. Собранието формираше Анкетна комисија со која раководи пратеник од ДУИ. За два месеца таа треба да изготви извештај за настанот.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска