1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преиспитување околу новата визна процедура

11 јануари 2008

Македонската влада на една од наредните седници ќе ја разгледа можноста за Албанија да се одложи новата визна процедура што предвидува визи да се издаваат само во дипломатско конзуларните претставништва.

https://p.dw.com/p/CoPv
Скопје,владата ќе разгледа можности за поинакви решенијаФотографија: DW

Ова за Дојче Веле го изјави Ивица Боцевски,портпарл на македонската влада. Владата ја разбира загриженоста на Тирана,но новите правила се во согласност со препораките на Европската комисија и на европските стандарди,кои не познаваат практика на издавање визи на граница,изјави владиниот гласноговрник.Ова всушност претставува потврда на веста што ја јавија албанските медиуми,дека за Албанија ќе се бара друго решение.