1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекината испораката на нафта за Европа

9 јануари 2007

Вчера беше блокиран најважниот нафтовод од Русија кон Европа. Запирањето ги засега Германија, Полска и Украина. Германија преку нафтоводот долг три илјади километри кој го носи името „Дружба„ односно „Пријателство„ добива една петина од годишниот увоз на нафта. Русија и Белорусија вчера меѓусебно се обвинуваа околу одговорноста за блокадата. Сојузната влада апелираше до Москва и Минск да ги исполнува

https://p.dw.com/p/Ac0G
Состојба на протекот на нафта: нула!
Состојба на протекот на нафта: нула!Фотографија: AP

�т своите обврски:

Кој е одговорен за најновиот конфликт, Москва или Минск, засега е нејасно. Рускиот концерн „Транснефт„ синоќа соопшти дека веќе нема да испорачува нафта за Белорусија. Нешто подоцна дојде вест дека од Русија веќе нема да доаѓа ниту капка нафта преку нафтоводот „Дружба„ за Европа, бидејќи ионака Белорусија ја зема за себе. Никој не можеше да претпостави дека Путин токму со блискиот пријател Лукашенко ќе има вакви проблеми. Ниту претседателот на одборот за надворешна политика на рускиот парламент Константин Козачов:

„Белорусија е земја во која не постои пазарна економија. Сите мораат да прават како што ќе реши претседателот Лукашенко. Тој дели задачи, сите други мораат да слушаат. Во белоруското раководство во моментов владее паника. Затоа сега се обидува да изврши притисок врз Москва со помош на испораките на нафта„.

Се чини, барем за сега тоа успева, па на руските концерни за нафта и гас одеднаш им станува јасно дека немаат само тие моќ, туку и обратно – помалиот партнер. Во суштина, станува збор за одбивањето на „Транснефт„ да го прифати зголемувањето на цената за транзитот на нафтата преку Белорусија за Европа. Минск еднострано го откажа договорот. Нема пари, нема транзит.