1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекината расправата за новиот Деловник на македонското Собрание

Александар Чомовски 17 јули 2007

ДУИ го бојкотира заседанието на Парламентот за новиот Деловник. Опозицијата бара и негово повлекување.

https://p.dw.com/p/BJ8B
Опозицијата бара повлекување на ДеловникотФотографија: MIA

На вториот ден од дебата за новиот Деловник молчат пратениците од владиното мнозинство. Времето го користи оппозицијата која бара полекување на деловникот додека не се демистифицира што содржи мајскиот договор Гурвски - Ахмети „Ќе ви ги кажам аргументите почитуван претседателе зошто треба да гласаме за одлагање на оваа седница, зошто треба премиерот да дојде овдека и господинот Ахмети, кои беа мотивите на овој начин да го стават Собрнието пред свршен чин. А во последната резолуција на Европската унија веќе не да се спомнуваат нивните имиња туку да се спомнува Парламентот, власта и опозицијата и да се посочува дека мора да има демократски правила на игра.“ кажа поранешниот премиер и пратеник на СДСМ Владо Бучковски во чие време на владеење со ДУИ останаа нереалзиирани законот за употреба на албанскиот јазик и социјалните права на поранешните припадници на ОНА.

Двете од петте барања во договорот на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. „Во овој момент не сме спремни за овој Деловник. Со други зборови ве замолувам да не дојдеме во ситуација да крахира оваа седница со овој Деловник, да се повлече од днвен ред.“ рече Ѓорѓи Оровчанец од групата независни пратеници опоненти на власта.

Парламентот полупразен

Спикерот Георгиевски се обидува да направи нова координација на пратеничките групи но Собранието денеска е полупразно.

Опозициската ДУИ ја бојкотира дебатат за новиот Деловинк затоа што го нема законот за официјализирање на албанскиот јазик во Собранието, што практично би значело, претседавање со пленарините седници, и сите документи и закони да се печатат двојзично „Бараме од Меѓународната заедница да помогне во реализиација на договорот меѓу ДУИ и ДПМНЕ. Ја напуштивме седницата затоа што не се почитува договорот“. Реагираше вчера попладне Рафи Салити од ДУИ по напуштањето на Парламеното на почетокот на расправата за новите парламентарни правила.