Преку Исланд до нови бодови
19 јануари 2014Македонските ракометари имаа неуспешен старт во втората фаза од Европскиот шампионат - убедливо загубија од Унгарија со 31:25.
„Црвено-жолтите“ делуваа заморено, одбраната беше порозна, нападот немоќен. По 18-минути игра противникот имаше двојна предност, во 25. минута плус осум (14:6) гола, а во средината на вториот дел и највисоки девет голови предност 25:14.
До крајот на натпреварот Македонија успеа да го ублажи поразот, кој доаѓа по најслабиот одигран натпревар на ЕП. Единствена светла точка во нашиот состав беше Дејан Пецаковски со 5 погодоци. Капитенот Кире Лазаров беше сопрен на 4 реализации (не искористи три седмерци). На голот Борко Ристовски забележа 13 одбрани.
Следниот предизвик и обид за првите бодови во вториот круг во групата 1, Македонија ќе го има в понеделник против Исланд.
Во дербито од втората фаза на ракометното Европско првенство, домашната селекција и актуелен европски првак Данска го победи светскиот шампион Шпанија со 31:28 и со тоа го продолжи победничкиот од кон одбраната на титулата. Ова за „црвената фурија“ беше прв пораз на првенството.
Во групата 1, Исланд ја победи Австрија 33:27.
Денеска се играат првите натпревари од групата 2: Полска – Белорусија, Русија – Шведска и Франција – Хрватска.