1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преку реклами до предивлекување странски инвестиции во Македонија

Горан Петрески25 јануари 2007

Владата на Република Македонија стартуваше кампања за привлекување странски инвеститори во земјата. Рекламите во весниците во 35 земји во светото ќе се објавуваат до 1 март.

https://p.dw.com/p/AeJb
Лога на германски фирми - како да се привлечат странските инвеститори во Македонија?
Лога на германски фирми - како да се привлечат странските инвеститори во Македонија?

Над зградата на владата во центарот на Скопје лебди балон, бел цепелин на кој на англиски јазик пишува: Инвестирајте во Македонија – нов рај за бизнис во Европа. Овој маркетиншки потег го означи стартот на кампањата за привлекување на странски инвеститори. Во најтиражните весници во 35 земји во светот до 1 март Македонија ќе се нуди како атрактивна дестинација за бизнис. Премиерот Никола Груевски во неговиот препознатлив стил, со речисии сиот свој кабинет зад себе во детали ја презентираше кампањата. Кажа се’ освен колку таа чини „Јас сум убеден дека оваа инвестиција на државата ќе биде максимум еден процент од првата инвестиција што ќе дојде во Република Македонија.“

Како клучни предности на Македонија, владата во светскиот печат ги потенцира: даночните олеснувања, намалениот персонален и данокот на добивка, натаму брзата тридневна регистрација на фирма. На инвеститорите Македонија им се нуди како пазар од 650 милиони жители, благодарејќи на договорите за слободна трговија кои овозможуваат пристап до големите пазари. Освен ова како адут плус владата ја нагласува макроекономнската стабилност и кандидатскиот статус во ЕУ. „Свесни сме дека земјата има слабости, но и инвеститорите што ќе се одлучат да инвестираат се свесни дека Република Македонија е земја која е на Балканот, која ги влече сите проблеми од транзицијата или дел од тие проблеми, така што ние ќе работиме, но тоа не е нешто што е тајна или што го криеме, сите инвеститори кога доаѓаат во овој регион знаат со какви порблеми може да се соочат, но ние работиме на тоа да не се соочат со толклу многу како што се соочуваа во минатаото. Да го намалиме тоа. “

Од осамостојувањето досега Македонија привлекла убедлво најмалку директни странски инвестиции од останатите екс Југословенски републики. Вкупно милијарда и 400 милион долари од кои повеќе од половина отпаѓаат на продажбите на Елекстростопанство и Телеком.