1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преку 600 жртви во урнатата зграда во Бангладеш

СН/ртр/миа/афп5 мај 2013

Според последните официјални информации, бројот на жртви при минатонеделното уривање на зградата во близина на главниот град на Бангладеш, Дака, се искачи на 610 лицa.

https://p.dw.com/p/18SWm
Фотографија: Reuters

Спасувачките екипи денеска од под урнатините на осумкатната зграда, во која се наоѓале пет текстилни фарбрики, извадија уште шест тела на загинати со што бројот на настрадани се искачи на 610, соопштија официјални претставници на Бангладеш. Се очекува конечниот биланс на загинати во уривањето на зградата во местото Савар, кое се наоѓа на 25 километри северозападно до главниот град Дака, да биде уште поголем, со оглед дека голем број лица се’ уште се водат како исчезнати.

Повеќе од 2.400 лица беа повредени во несреќата која го стави Бангладеш под притисок да ги исполни меѓународните стандарди за текстилната индустрија, којa има удел од 79 проценти во извозот на оваа азиска земја.

Во петте текстилни фабрики во урнатат зграда, работеле околу 3.000 лица. Од под остатоците на зградата, која се урна на 24 април, се шири непријатна миризба на телата кои брзо се распаѓаат на високите температури, што во извесна мерка им помага на спасувачките екипи во откривањето на загинатите.

Во врска со уривањето на објектот полицајата во петокот го уапси инженерот Абдур Разак Кан, консултат во градежната компанија „Рана Плаза“, која бесправно доградила уште три ката на зградата.

Неколку дена пред инцидентот градежната инспекција констатирала дека зградата не е безбедна и издала налог за нејзино иселување, но ваквите предупредувања биле занемераени од сопствениците на фабриките.