1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Премиера на американската политичка сцена

29 август 2008

Барак Обама официјално е претседателски кандидат на Демократската партија на САД. На стадионот во Денвер сенаторот оддржа говор, во кој покрај социјалните теми не ја заобиколи ниту политиката на ривалот Џон Меккејн.

https://p.dw.com/p/F72o
Барак Обама на партискиот конгресФотографија: AP

80 илјади луѓе на партиски конгрес што се оддржува на фудбалскиот стадион во Денвер: ова само по себе е премиера на американската политичка сцена, но не и единствана. За првпат во историјата на Америка една партија има црнечки кандидат за претседател.

Spezialbild Barack Obama wird auf dem Parteitag der US-Demokraten zum Präsidentschaftskandidaten gekürt
Сенаторот од Илиноис и претседателски кандидатФотографија: AP

Барак Обама 47 годишниот сенатор, оддржа говор во кој во прва линија за номинацијата им се заблагодари на сите свои приврзаници. Истовремено Демократот невообичаено жестоко го нападна неговиот ривал Џон Меккејн, неговата Републиканска партија и според Обама, нивната пропадната економска, социјална, надворешна и безбендосна политика „Не верувам дека санаторот Меккејн не го засега што се случува во животите на Американците. Јас мислам дека тој едноставно не знае што им се случува! Инаку како би ја дефинирал американската средна класа како оние граѓани кои заработуваат помалку од пет милиони долари годишно? Инаку како би предложил стотици билиони долари деночни олеснувања за големите нафтени концерни, а ниту еден долар олеснување за повеќе од сто милиони Американци?“

Покрај даночни олеснувања за обичните граѓани, подобрено и поефтино здравствено осигирување и вложувања во образованието за сите, Барак Обама вети и одговорно повлекување на американските војници од Ирак.

Добро сторено, Сенаторе!

Според набљудувачите Обама со совјот говорот го положи досега најтешкиот испит, при коијшто на американскиот народ, своите поддржувачи и сопартијците уште им порача „Америка, ние сме подобри откоку овие изминати осум години. Ние сме подобра земја.“

Партискиот конрегес без сомнение ја подобри позицијата на Обама земајќи ја предвид и поддршката што ја доби од големите имиња во партија, Хилари и Бил Клинтон и се разбира Тед Кенеди.

На партискиот конгрес на Републиканците, што треба да е оддржи наредната недела на Џон Меккејн ќе му биде тешко да го надмине говорот на Обама. Но во првиот момент тој мудро реагираше. Преку рекламен спорт му честиташе на Обама „Утре повторно ќе полемизираме, но вечерва само ќе кажам: Добро сторено, господине Сенторе!“