1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пренатрупани азилантски кампови со Роми од Македонија и Србија

Зимон Трап / Зоран Јордановски29 ноември 2012

Поради напливот на баратели на азил во сместувачките капацитети во Германија повеќе нема места за Ромите од Македонија и Србија. Затоа, како алтернатива за сместување се користат дури и гаражи.

https://p.dw.com/p/16nuL
Asyl

Ова е приемниот пункт за баратели на азил во Цирндорф. Вернер Пфингстгреф веќе 26 години доброволно се ангажира во социјалната служба на Евангелистичката црква.

Од пред некое време сместувалиштето е преполно, оти Синти и Роми од сиромашниот Балкан бегаат во богатата Германија, а потоа во ваква преуредена гаража мораат да чекаат решение во врска со нивното барање.

„Како што гледате, сместувањето е скудно, како во логор од шатори. Но, луѓето што се во бегство и сакаат да најдат мир, тоа поинаку го доживуваат“, вели Вернер Пфингстгреф од Евангелистичка црква во Цирндорф.

Symbolbild Asylbewerber Asyl Migranten Asylant Asylantenheim
Барањата за азил од економски причини се одбиваатФотографија: picture-alliance/dpa

Во гаража живеат и до триесетина бегалци. Секој ден во пунктот за азиланти во Цирндорф доаѓаат по 80 нови. Само за време на политичкиот пресврт во Европа во 1989 година овде беа сместени повеќе луѓе отколку денес. Уште пред повеќе месеци и црквата мораше да биде пренаменета во спална соба. Кој сака да се помоли, мора да оди на друго место. Најголем дел од азилантите доаѓаат од Србија и Македонија. Во Цирндорф заедно живеат луѓе од различни култури - по правило мирољубиво, како при делењето на пакети со храна за вечера.

„За многу Роми од Србија и Македонија мотив за барање азил е дека тие етнички групи таму живеат на маргините на општеството, положбата не им е добра, а во српските подрачја се изложени и на шиканирање. Мислам дека бегаат оти не им е добро“, објаснува Вернер Пфингстгреф.

Тој проценува дека мнозинството од бегалците доаѓа во Германија од економски причини. Поради тоа шансата да добијат азил е многу мала. Ако барањето им биде одбиено, тие мораат да се вратат назад во земјата од која потекнуваат.