1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Препорака за дијалог

Естер Зауб1 јули 2008

Проблемот со Зимбабве, не беше доминантен на првиот ден од самитот на АУ, што се одржува во Египет. Никој не искажа дирактна критика на сметка на Р. Мугабе. Во фокусот беа темите како недостигот на вода.

https://p.dw.com/p/ETxC
Домаќинот Хосни МубаракФотографија: AP

Никој, очигледно, не беше за курс на конфронтација, дури ни оние, како кенискиот премиер Одинга, кои во претходните денови побараа испраќање мировни сили во Зимбабве. Претседателот на Комисијата на Африканската Унија Жан Пинг, во врска со задачите на Унијата, рече: „Африка мора да ја преземе својата целокупна одговорност и да стори се’ што е во нејзина моќ за да им помогне на страните во конфликтот во Зимбабве, за тие да можат заеднички да дејствуваат за повисоките интереси на земјата и да одговорат на барањата на моментот“.

Без директна критика за Мугабе

Afrika-Gipfel tagt in Sharm el Sheikh
Роберт Мугабе во Шарм- ел-ШеикФотографија: AP

Препораката „да се дејствува заеднички“ можеше почесто да се слушне вчера во Шарм-ел-Шеик. Дури и заменик-генералниот секретар на ОН Аша-Розе Мигиро препорача дијалог: „Ова е час на вистината за лидерите од регионот. Многумина веќе го кренаа гласот, генералниот секретар на ОН врши притисок врз сите присутни да подржат едно усогласено решение. Само дијалог, подржан од Африканската Унија, може повторно да воспостави мир и безбедност во Зимбабве“.

Мигиро не упати директна критика на претседателот на Зимбабве, кој сето го следеше како да не допира до него, но го критикуваше начинот на неговиот реизбор во петокот: „Атмосферата во која се одржа вториот круг од претседателските избори не беше подршка за фер и слободни избори поради насилството и застрашувањата. За жал, изборите сепак се одржаа, иако меѓународната заедница и Советот за безбедност искажаа задршки и вршеа притисок за нивно откажување“.

Водите централна тема на самитот

Во, поголемиот дел од говорите и во работните групи централна тема беа водите и земјоделството. Со оглед на глобалната криза со прехранбените средства, на африканскиот континент му се итно потребни решенија за се’ поголемиот недостиг од вода и се’ помалите земјоделски површини.

Домаќинот на собирот Хосни Мубарак, кој е само две години помалку претседател на Египет, отколку Мугабе во Зимбабве, и кој единствениот опозиционер што настапи како противкандидат го држи в затвор, иако е тешко болен, го означи самитот како пресвртница кон заеднички африкански напори: „Во време со многубројни предизвици, кое бара поголема солидарност, мораме да ги обединиме нашите ставови, за со еден глас да ги браниме нашите африкански работи и да можеме да ги реализираме интересите на населението“.

Ваквиот став на Мубарак не остава многу простор за критика на неговите деспотски колеги по функција.