1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претпријатијата „ги заобиколуваат“ банките во потрага по капитал

19 јули 2009

Банките и натаму се воздржани при доделувањето кредити, па германските претпријатија се снаоѓаат на друг начин: се снабдуваат со капитал директно од пазарот, со што истовремено ја намалуваат зависноста од банките.

https://p.dw.com/p/IsXn
Фотографија: DW / von der Au

Германското стопанство се соочува со тешкотии во добивањето кредити од банките. Истовремено, позајмувањето пари од пазарот на капитал од страна на претпријатијата достигна досега невидени размери - 200 милијарди евра само во првата половина од годинава. Образложението на претпријатијата за снабдување со пари преку позајмување од пазарот на капитал е јасно и едноставно - тие сакаат да бидат помалку зависни од банките. Тоа го прават дури и големи претпријатија, како Е.ОН, Луфтханза, БМВ, РВЕ или БАСФ. „Во последните шест месеци кај нас видовме такви хартии од вредност со обем од околу 207 милијарди евра. Има две причини: прво, побарувачката од страна на инвеститорите беше енормно голема. Многумина сакаа да имаат посигурни вложувања, отколку во акции. На друга страна, има претпријатија кои не знаат како понатаму ќе оди со кризата, и не сакаат да бидат многу зависни од банките, туку сакаат повеќе и подолгорочно финансирање од пазарот на капитал“, објаснува Роланд План од Ројал банк од Скотланд, надлежен за нови емисии.

Deutschland Banken Commerzbank Filiale in Frankfurt
Комерц банкаФотографија: AP

Ако се банките воздржани - државата директно да кредитира препријатија!?

Уште нешто се промени: додека порано пред се’ Хеџ-фондовите даваа заем на претпријатијата, сега тоа го прават приватни вложувачи. Помалите и средните претпријатија имаат поголеми проблеми со банките, но и на банките одвај да може нешто да им се забележи, вели Дирк Милер финансиски експерт: „Би направиле ѓаволска работа сега, во рецесијата, да им доделат кредит на средни претпријатија кои се во криза“.

Милер има сосем поинаква идеја, која во други земји делумно веќе е реализирана - парите да одат директно во претпријатијата, банките можат да бидат заобиколени. Како? „На пример, преку Банката за обнова. Таа мора да биде подготвена таков кредит директно да го додели и да го преземе и ризикот. Но, владата мора да им објасни на граѓаните за што се потрошени милијарди и милијарди - оти можеби во време на кризата премногу непромислено се доделени кредити“.

Непромислено, тоа значи дека кредитите можат и да пропаднат, оти претпријатието на крајот сепак не успеало да се спаси. Веројатно уште многу претпријатија ќе решат да си ја пробаат среќата на пазарот со обврзници. Кај вложувачите има пари, велат ескперти, оти Германците заштедиле многу пари.


Самир Ибрахим / Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска