1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претпроцесна конференција во Хаг за Бошковски и Тарчуловски

12 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEh

Во Хашкиот трибунал претпладнево започна предпроцесна конференција за подготовка за судењето на двајцата обвинети Македонци, Љубе Бошковски и Јохан тарчуловски. Судењето треба да започне на 16 април. Денеска се договараат начините на однесување во судницата, модалитетите и времетраењето во постапката за изведување докази. Бошковски и Тарчуловски се обвинети за кршење на законите на војување во случајот „Љуботен“, акција во кој во 2001 загинаа седум лица од албанска националност. На првото сослушување обајцата се изјаснија за невини.