1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателот на ДИК ќе биде човек на СДСМ

28 февруари 2011

На денешната (28.02.) координативна средба во македонскиот парламент станало стана збор за избор на претседател на Државната изборна комисија, а се разговарало за уште неколку други организациски прашања.

https://p.dw.com/p/10Qhj
Фотографија: PETR STOJANOVSKI

На средбата донесен е заклучок претседателот на ДИК да биде од најголемата опозициска партија СДСМ. Трајко Вељаноски, претседателот на законодавниот дом, го повика раководството на партијата во законскиот рок до сабота да предложи кандидат за претседател на ДИК. За кандидатот од опоцизијата, нагласи тој, ќе биде дадена целосна поддршка.

“Законот јасно вели дека првиот човек на ДИК мора да биде предложен од една од дветте најголеми опозициски партии, аво овој момент тоа се СДСМ и ДПА“, изјави Јован Манасиевски од ЛДП, единствената опозициска партеничка четворка која остана да се бори со владеечкото мнозинство.

Координативна средба се одржа во Собранието на Република Македонија, во отсуство на поголемиот дел од опозицијата. Вељаноски информираше дека на седницата, освен за избор на претседател на Државната изборна комисија, се расправало и за формирање привремена Комисија за утврдување на состојбата со Избирачкиот список, Изборниот законик и измените на Законот за Судски совет.

Trajko Veljanovski, Maz. Parlamentspräsident, Skopje, Mazedonien, 11.01.2008
Вељаноски чека предлог од СДСМФотографија: DW/MIA

За Комисијата за утврдување на состојбата со избирачкиот список утврдено е дека треба да биде составена од претседател и десет члена. Претседателот треба да биде од СДСМ, а по еден член од четирите политички партии од опозицијата - НСДП, ЛДП, ДПА и НД, како и членови од владината коалиција. Според Вељаноски, Комисијата во рок од седум до десет дена треба да ја констатира состојбата со Избирачкиот список. До четврток, информира претседателот на Собранието, треба да бидат доставени персоналните решенија за составот на Комисијата по што, како што рече, на 15-ти март на редовна собраниска седница заедно со изборот на претседател на ДИК би биле ставени на дневниот ред.

Изборите нема да бидат распишани на 15. март

Вељаноски најави дека в четврток на координативната средба претставник од Министерството за правда ќе ги образложи дадените решенија за Изборниот законик и за Судскиот совет. Вељаноски уште еднаш апелираше до опозицијата да се врати во Собранието и в четврток да присуствува на координативната средба. Одговарајќи на новинарско прашање дали на 15. март ќе ги распише предвремените парламентарни избори, Вељаноски одговори „не“, појаснувајќи, оти согласно Уставот и законите, должен е прво да го распушти Собранието, по што би се распишале избори.

Автор: АТ/ЖА/миа

Редактор: Трајче Тосев