1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателот на ЦАР поднесе оставка

ЖА/дв/миа/ртре10 јануари 2014

Мишел Џотоди, кој на функцијата претседател на Централноафриканската Република дојде преку пуч, по околу една година и самиот ја напушта власта во Бангуи. Оставка поднесе и премиерот Николас Тиангаје.

https://p.dw.com/p/1AolU
Фотографија: Getty Images/Afp/Eric Feferberg

Под притисок на соседните држави, дојде до оставка на првите луѓе на власта во Бангуи.

Претседателот и премиерот на Централноафриканската Република (ЦАР) заминуваат од власта, соопшти денеска генералниот секретар на регионалниот Блок централноафрикански држави, Ахмат Алами.

Откако во март минатата година илјадници бунтовници го освоија Бангуи, главниот град на ЦАР, нивниот лидер Мишел Џотоди беше прогласен за претседател на државата, а долгогодишниот опозициски лидер Николас Тиангаје стана премиер.

Но, по ова ЦАР западна во анархија по зачестените судири меѓу припадници на христијанската и муслиманската заедница. Обидот за државен удар на една христијанска милиција во декември предизвика крвопролевања на улиците на Бангуи, при што загинаа повеќе од илјада луѓе.