1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателските избори во Египет во јуни

Zana Aceska19 февруари 2012

Првите претседателски избори во Египет по соборувањето од власт на Хосни Мубарак сепак ќе се одржат во јуни, објави денеска Изборната комисија.

https://p.dw.com/p/145dy
Египќаните протестираат за побрзи претседателски избориФотографија: dapd

„Претседателските избори ќе се одржат во првата недела од јуни, а

претседателот ќе биде познат најдоцна до крајот на месецот, во случај да има потреба од втор круг“, изјави Ахмед Шамс ел -Дин од Изборната комисија.

Претходно беше објавено дека номинациите за претседателската трка ќе се

примаат до 10 март, што сугерира дека египетските генерали под притисок на масовните улични протести, одлучија власта порано од планираното да им да ја вратат на цивилите. Како термин беше споменуван месец мај, последно во средата од министерот за парламентарни прашања, Мохамед Атија. Претседателските избори ќе бидат први по соборувањето од власт на долгогодишниот шеф на државата, Хосни Мубарак во февруари 2011-та година. Многу од приврзаниците на демократското движење, кое со повеќенеделните протести доведе до падот на Мубарак, посакуваа поскор термин за избори

Автор: ЖА/СН/дв/дпа

Редактор: Симе Недевски