1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претстои жестока кампања

Александар Чомовски28 април 2008

Македонските политички аналитичари прогнозираат дека името и евроинтеграциите ќе бидат доминантни теми во изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

https://p.dw.com/p/Dq2j
Фотографија: picture-alliance/ dpa

ЕУ и НАТО ја форсираат Македонија да го реши спорот со Грција и да добие покана за членство во алијансата. Доколку бидат исполнети и осумте задачи од Брисел, ЕУ до крајот на годината на земјата би можела да и‘ даде датум за почеток на преговори за влез.

Интелектуалците во Македонија одамна не биле толку гласни, а особено историчарите. Кампањата ќе биде жестока, зентрална тема во меѓупартиските пресметки веројатно ќе биде името и спорот со Грција.