1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приведени демонстранти во Москва

18 март 2012

За време на денешните протести во Москва, против новоизбраниот претседател на Русија Владимир Путин, се приведени 30-ина демонстранти.

https://p.dw.com/p/14MSD
Фотографија: DW

Триесетина активисти на опозицијата во Русија денеска се приведени од страна на полицијата, бидејќи учествувале во недозволен протест против Владимир Путин пред телевизискиот центар Останкино во Москва. Меѓу превидените се и активистите на московското крило на движењето „Солидарност“, Сергеј Удалцов и Борис Немцов.

Околу 500 демонстранти протестираа поради тоа што телевизиската станица НТВ, која го поддржува Кремљ, во четвртокот емитувала емисија во која ја обвинила опозицијата дека ги плаќала демонстрантите да протстираат против Путин.

НТВ во емитуваниот филм под наслов „Анатомија на протестот“ покрај тоа тврдела и дека учесниците во антивладините протести во Русија добиваат пари и од Запад.

„Срамота НТВ!“, „Русија без Путин!“, извикуваа демонстрантите пред зградата, кадешто се наоѓаат просториите на телевизијата, додека десетици полицајци со опрема за разбивање на демонстрации го заштитуваа главниот влез во телевизијата.

Автор: СН/АМ/бета/миа

Редактор: Александар Методијев