1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приврзаници на Асад со богатството бегаат од земјата?

9 март 2012

Американските власти имаат информации дека од Сирија истекуваат големи износи парични средства и оти видни претставници на режимот бегаат во соседни земји. ОН подготвија хуманитарен план.

https://p.dw.com/p/14Hzj
Од Стејт департментот тврдат дека бегството е знак за пропаст на режимот на АсадФотографија: AP

Портпаролот на Стејт департментот Викторија Њуланд подвлече дека истекувањето на пари и бегство од земјата честопати се знаци за почеток на процес, во кој приврзаниците на режимот „почнуваат да сфаќаат дека тој е осуден на пропаст“. Таа не ги соопшти имињата на бегалците и само истакна дека тие се префрлуваат во Либан, Јордан, Турција и други соседни земји на Сирија.

Според Њуланд, вообичаено ваков процес пројавува тенденција кон проширување. Таа додаде дека во последните месеци се забележува зголемување на бројот на дезертерите од сириската армија, главно наредници и водници.

Обединетите нации, во меѓувреме, подготвија 90-дневен хуманитарен план за Сирија, со кој се предвидува да се обезбеди храна за 1,5 милиони луѓе. Дипломати од околу 60 држави вчера (08.03) во Женева разговараа за хуманитарниот план во Сирија во вредност од 100 милиони долари и за поголем пристап на хуманитарните работници во земјата. Специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига Кофи Анан, кој утре се очекува во Дамаск, апелира на мировно решение на конфлилктот.

Автор: АТ/ АМ/ миа/ дв

Редактор: Е. М. Фиданоска