1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прилично тмурни изгледи за светската економија?

ЖА/ дв/дпа/дапд19 декември 2012

На светската економија ветрот повторно и‘ дува в лице - оваа година растеше побавно од очекуваното, констатираа ОН во извештајот посветен на светското стопанство. Изгледите се уште понеповолни.

https://p.dw.com/p/175Yc
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во следните две години веројатно исто така нема да има доволен развој за да  го надомести затворањето работни места како последица на финансиската криза, се вели во најновиот извештај објавен во Њујорк. На Европа и на САД, „доколку нивната политика не се промени“, ќе им требаат најмалку уште пет години за да го надополни кратењето на работни места што го предизвика кризата од 2008 до 2009. година.

Конкретно, за оваа година ОН предвидуваат стопански пораст од само 2,2 проценти. За 2013. година пак се прогнозира развој од 2,3 проценти, а за 2014. година - 3.2 насто.

Постојат ризици!

Заострување на еврокризата, буџетскиот дефицит во САД и влошувањето на состојбата во Кина можат дури да бидат вовед во нова глобална рецесија, изјави Роб Вос, раководител на студијата. Секој од овие ризици може да предизвика минус од еден до три проценти.

Економските проблеми во ЕВропа, САД и Јапонија би имале значителни влијанија врз земјите во развој, се вели во извештајот. Тоа би значело влошување на увозот од земјите од Третиот свет, изостанување на инвестициите во националните економии. Токму во овие држави невработеноста е енорме проблем.

Работни места и економска политика која води сметка за екологијата може да бидат постигнати само со меѓународно координирана финансиска политика, гласи заклучокот на извештајот на ОН.