1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Примена на сила против Иран го загрозува светот

Александар Методијев/афп/миа7 јуни 2012

Лидерите на Русија, Кина и четири централно-азиски држави се против примена на сила во решавањето на проблемот со нуклеарната програма во Иран. Причина е стравот од загрозување на стабилноста во регионот и светот.

https://p.dw.com/p/159t4
Фотографија: Reuters

„Какви било обиди да се реши иранскиот проблем со сила се неприфатливи и би можеле да доведат до непредвидливи околности, кои ја загрозуваат стабилноста и безбедноста во регионот, како и во целиот свет“, стои во писмената изјава потпишана на крајот на самитот на Шангајската организација за соработка.

Учество на самитот во Пекинг зеде и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, обвинувајќи ги западните сили дека сакаат да загубат време во нуклеарните преговори и оти откажуваат подготвителни средби, пред состанокот во Москва на 18-ти и 19-ти јуни.

„Иран е подготвен да води преговори и покрај отсуството на желба од западните држави да склучат принципиелен договор за нуклеарното прашање“, изјави Ахмадинеџад, кој не очекува нуклеарното прашање да се реши само на една средба.

„Нашите напори за средба на ниво на заменици на Ештон и Џалили не завршија со успех и затоа сметаме дека западните сили бараат изговор и губат време“, нагласи Ахмадинеџад.