1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Примирјето меѓу Израел и Газа проследено со напади

18 март 2012

Израелските трупи повредија шестгодишно палестинско момче при денешниот напад на источниот град Рафа.

https://p.dw.com/p/14MLJ
Фотографија: AP

Израелската армија веднаш не ја потврди информацијата за инцидентот. Престрелката се случила во близина на границата со Израел, каде што војската одржува зона забранета за протести, којашто се протега на неколку стотици метри во внатрешноста на појасот Газа. Војската вели дека таа потребна за да се спречиат инфилтрации во еврејската држава.

Трупите редовно отвораат оган врз Палестинците кои влегуваат во областа, вклучувајќи и деца кои си играат во зоната.

Со денешното пукање се внесува тензија во договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Газа, по четиридневните гранатирања. Во вторникот (13.03.) беше објавено дека со посредништво на Египет двете страни се согласиле за прекин на огнот. Меѓутоа, во текот на неделата продолжија спорадичните испукувања на ракети од двете страни.

Четиридневното насилство изби откако Израел уби палестински воен командир, што ги предизвика бунтовниците од Газа да испукаат стотици ракети кон јужниот дел на Израел. Во возвратениот напад, Израел уби 25 луѓе.

Автор: АМ/СН/афп/

Редактор: Симе Недевски