1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приоритет економијата,но незаобиколни и меѓуетничките односи

Свето Тоевски20 јули 2006

Политичките експерти сметаат дека составувањето на новата македонска влада врз основа на коалицирање на идеолошки блиски партии е оптимално решение

https://p.dw.com/p/AddC
Фотографија: AP

Новата македонска влада не би била ниту функционална ниту стабилна ако во неа влезат двете партии,ДУИ и ДПА.Мандаторот може и треба да ја составува со партнери блиски според според политичкиот профил,изјави за Дојче Веле и идеолошката сродност ако е релативно тесна разликата во изборниот резултат меѓу партиите што претендираат да влезат во новата власт,сметаат стручњаци и аналитичари кои ги консултираше Дојче Веле.

Универзитетскиот професор Етем Азири оценува:

-Што се однесува до коалиционите партнери,тоа зависи пред се од мандаторот,но тој мора да внимава при составувањето на новата влада дека и другите политички партии мора да бидат идеолошки блиски до неговата партија.Во конкретниот случај оваа дилема се поставува и пред теоретичарите и пред политичарите:која е победничка партија во албанскиот политички блок.Јас би се слагал за некој легитимитет,да беше на пример разликата многу поголема.Оваа разлика меѓу бројот на пратениците меѓу коалицијата ПДП и ДУИ и Партијата на Бошњаците од една страна и ДПА од другата страна не е толку голема што би требало да се земе како критериум.

Според Ветон Љатифи,исто така од Штуловиот универзитет,тензиите меѓу главните партии од албанскиот кампус би се пренесле и во самата влада ако и двете би биле вклучени во неа.

-Влегувањето на сите овие партии би имало и друга имликација:поголема нестабилност во владата,нефункционалност.

Експертите сметаат дека мора да постои опозициона партија како критички коректор и во албанскиот политички корпус,но и на самата влада.Тие негативно го коментираат ставот на Никола Груевски изнесен во досегашните преговори дека за меѓуетничките прашања не би требало да се расправа во следните две години.

-Груевски избрзува со вакви изјави,несватливо е националните прашања две години да мируваат.

-Тој мораториум е дел од преговарањата,но во реалноста тешко ќе биде да се стават настрана меѓуетничките односи.Политичките предизвици што стојат на пат неизбежно е да се решат и да се најде што поконкретна солуција.Мислам тука пред се на Охридскиот рамковен договор,употребата на јазикот.

Алберт Муслиу политички аналитичар од невладината аоцијација за демократски иницијативи од Гостивар смета:

-Јас мислам во секој случај дека етничките прашања не може целосно да се игнорираат.Прво,тука е Охридскиот рамковен договор кој подразбира прашања кои се значајни за етничкитезаедници ,и второ е нашата реалност,тие обврски не можат да се исклучат.Процесот на правична застапеност не е акт,туку процес,но се сложувам дека на сите граѓани од Македонија,без разлика на етничка припадност,економските прашања сега им се во приоритет.