1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Притисокот врз мијанмарската влада засега без резултат

9 мај 2008

Шест дена по ураганот во Бурма стигнаа повеќе тони помош од Обединетите нации и Црвениот крст. Тоа е првата меѓународна помош што ја дозволи воената хунта на Мијанмар.

https://p.dw.com/p/Dx9g
Овој будистички монах залудно чека помошФотографија: AP

Во меѓувреме, пропадна францускиот обид во Советот за безбедност да се разговара за зголемување на меѓународниот притисок врз режимот да го олесни влегувањето на помошта. Кина и Индонезија беа против да се разговара на таа тема. Државниот секретар во германското министерство за надворешни работи Гернот Ерлер изјави дека е нехумано тоа што го прави владата на Мијанмар. Стотици логистичари и хуманитарци стојат во соседните земји, зашто режимот не им издава влезни визи.

Владата работи непрофесионално

Со еден стар расклатен камион, војниците на Мијанмар на југот од земјата се обдуваат да го продолажт патот кон најтешко погодените региони во земјата. Но, не им успева. Премногу непрофесионално работат. Патишта веќе нема, мостовите се разурнати, подеднакво како и бродовите и скоро сите куќи. Меѓутоа, она што може да се види и да се слушне е доволно грдо. Овој млад човек ја опишува сопствената катастрофа:

„Од поплавата загинаа сите мои три деца и мојата сопруга. Само јас успеав да се спасам„.

Друг човек се вмешува во разговорот и соопштува колку е тешка состојбата во некои подрачја на југот од Мијанмар:

„Овде загина 50 илјади луѓе, само во овој регион„.

Очај и немоќ

И покрај драматичната состоја, за најголемиот број жртви се уште наме шанси за брза и ефикасна помош. Се шират немоќ и очај кај оние што чекаат вода, храна и лекови. Но и кај големиот број хуманитарни организации. И натаму воениот режим на Мијанмар не ги пушта да влезат во земјата. Преставник на светската програма за храна на Обединетите нации е очаен:

„Едноставно немаме пристап до луѓето, тоа е најголемиот проблем. Ситуацијата секојдневно се влошува. Владата на Мијанмар мора да сфати колку е важно да дозволи во земјата да влезат меѓународните хуманитарни организации„.

Повеќе транспортни авиони се уште чекаат во околните држави со тони помош, но владата на Мијанмар не брза и одолговлекува со издавањето визи. А, преку милион луѓе итно имаат потреба од помош и ако не стигне набргу, нивната ситуација драматично ќе се влоши.