Притисок врз режимот во Мијанмар
29 септември 2007Реклама
Состојбата во Мијанмар по повеќедневните протести и насилна интервенција на полицијата денеска е мирна. Центрарот на Рангун денеска е потполно пуст, видливо е само големото присуство на силите за безбедност. Воениот режим во Мијанмар се повеќе е под притисок на меѓународната заедница поради насилниот однос кон демонстрантите во земјата.
Британскиот премиер Гордон Браун се изјасни за нови санкции од страна на ЕУ, исто како и европретставникот Хавиер Солана.