1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Притисок за остварување на милениумската цел за преполовување на сиромаштијата

1 април 2005

2005 година е клучна за борбата против сиромаштијата во светот. За да се оствари милениумската цел околу која се согласија 150 земји – за преполовување на сиромаштијата до 2015 година, потребни се повеќе напори. Со кампања против сиромаштијата во светот, организациите за развојна помош и познати уметници сакаат да ги стават владите на индустриските земји под притисок.

https://p.dw.com/p/AeP3
Фотографија: AP

Вчера во Берлин, со повикот “Твојот глас против сиромаштијата“ Задружението за развојна политика, кое опфаќа повеќе од сто невладини организации и познатиот германски музичар, Херберт Гренемајер, како претставник на група познати германски уметници, ја потсетија германската влада на нејзините обврски прифатени со милениумската цел.

“Се работи за меѓународна акција на уметници кои треб ада извршат притисок, односни да покажат поддршка„, изјави Херберт Гренемајер за кампањата во која учествуваат 270 организации од 60 земји. Акцијата значи – барање широка општествена поддршка во сите општествени слоеви и кругови и собирање потписи за поголем ангажман на владите.

Ако годинава не бидат конечно поставени вистинските насоки, шансата е пропуштена, рече претседателот на Здружението за развојна политика, Рајнхард Хермле. Неопходни се храбри и сеопфатни политички решенија. Во 1970 година индустриските земји се согласија за одделуваат 0,7% од бруто националниот производ за поддршка на сиромашните земји. Само мал број земји, како скандинавските и Холандија, ја постигнаа оваа цел. Уделот на Германија е 0,28% Затоа, според Хермле, германската влада во наредните години е обврзана:

“Од владата очекуваме да ги зголеми средствата за развојна помош на 0,33% во наредниот буџет за 200 6 година и тоа да не се случи само преку пресметки на мерки за раздолжување.„