1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приштинскиот самит откажан

Александар Чомовски4 ноември 2005

Одложен е приштинскиот самит на премиерите на Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија. Ѓукановиќ и Бучковски го откажале присуството по телефонски разговори со српскиот премиер Коштуница. Косово е најгорливотот прашање на Балканот, а ЕУ не смее да си дозволи неуспех, беше речено денеска на регионална конференција во Скопје.

https://p.dw.com/p/AcBX
Приштина
ПриштинаФотографија: DW

Регионот е во шпицот на интересот пред разврската на косовскиот статус. Политичките контакти се интензивираат но се регистрираат и првите знаци на внимателност па и притисоци. Иако најавена, премиерска средба на соседите во Приштина е одложена. Формално поради презафатеност, неофицијално српскиот премиер Коштуница кој ја одби поканата на Косими за средбата во Приштина телефонски разговарал и влијаел од самитот да се откажат црногорскиот Ѓукановиќ и македонскиот премиер Бучковски.

Вчера пак македонскиот шеф на владата изјави дека САД, не вршеле притисок Македонија меѓу првите да го признае независно Косово. Бучковски уште рече дека македонската влада не се откажува од проактивната полтика кон покраината.

Какви решенија за него? Дали македонското искуство по превенцијата на конфликтите може да биде рецепт за регионот? Превенцијата од конфликти преки интеграција – тоа е македонската верзија политика и понуда:

„Сметам дека е од огромна важност ЕУ со уште една конкретна манифестација, преку примерот на Република Македонија да ги потврди заложбите за спроведување на Солунската агенда, заложбите за целосна европска интеграција на овој дел од Европа во ЕУ.“

Шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева со оптимизам го чека мислењето од Европската Комисија наредната недела, кое според неа ќе содржи фер и објективна оценка за состојбите во државата.

Покрај одличниот напредок сигурен сум дека многу треба да завршите им порача на македонската политичка елита и на партиите новиот ЕУ амбасадор Фуере

„ Без политичка стабилност нема функционални институции. Без функционални инститиуции нема владеење на правото, а без тоа нема економски напредок по што ризична станува и стабилноста. “

ЕУ дипломатот Фуере ги објасни на ваков начин четирите приоритети за Македонија како очекување од ЕУ.

Денешната регионална конфренција за прецвенција од конфликти ја организира германската фондација Фридрих Еберт.