1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пријателите може, другите не!

Јенс Борхерс15 јануари 2008

САД беа првата нација која поседуваше атомска бомба. Тие се и единствената земја која досега го употребила ова оружје.

https://p.dw.com/p/CppN
Фотографија: dpa

Американците се обидуваат, повеќе или помалку, да го ограничат натамошното ширење на нуклеарното оружје и да ги намалат постоечките резерви. Владата на претседателот, Џорџ Буш, не продолжи со ваквите напори. Нејзината нуклеарна стратегија се заснова врз основната идеја на сила.

Заплашување како официјална стратегија

Основната цел на нуклеарната стратегија на САД официјално гласи - заплашување. Владата на Буш вели: со атомско оружје сакаме да спречиме агресија врз нас, нашите сојузници и нашите пријатели. Прашањето тогаш, се разбира гласи - од каде доаѓаат заканите? Џозеф Сиринкјон, специјалист за нуклеарно оружје во Центарот за американски напредок, одговара: “За тоа може да има само една причина - да се задржи способноста за уништување на Русија, значи единствената земја која поседува слично количество нуклеарно оружје. Кина има 20 парчина нуклеарно оружје кои можат да стигнат до САД, значи не ни се потребни шест илјади нуклеарни глави за да и‘ се закануваме на Кина.“


САД сакаат до 2012 година да го намалат атомското оруже за две третини
Актуелната бројка е шест илјади нуклеарни глави, од кои две илјади се монтирани на подморници, авиони и ракети и се подготвени за лансирање. Владата на Буш официјално најави дека до 2012 година бројот на боеви глави треба да биде намален за две третини. И тие треба да се модернизираат, со што ќе се задржи заштитата преку атомското оружје за самите САД и за нивните сојузници. За такво нешто треба да се погрижи модерното оружје.
Џозеф Сиринкјон се занимава со нуклеарно оружје и стратегиите што се кријат зад тоа веќе со децении. Според неговите проценки, владата на Буш тука уште од почетокот направила темелна промена: “Нејзината анализа на проблемот гласи: непресметливите влади би можеле да го злоупотребат нуклеарното оружје. На тој начин, владата на Буш го поместува фокусот - рацете настрана од атомски бомби на оние кои би можеле евентуално да ги употребат. Нивното решение за овој проблем е отстранување на ваквите влади. Тие прават листа - кои се добри, а кои лоши проширувачи на атомско оружје.“
Се промашува основната поента
Сиринкјон смета дека ова е опасно, зашто на тој начин се прави поместување од основната поента, а тоа е дека атомското оружје е закана самото по себе и со него светот се дели на оние кои си земаат врз себе право дека можат да поседуваат атомско оружје и оние кои тоа не би смееле. Иран и Северна Кореја не смеат, Индија смее. Исто така и Пакистан, зашто Пакистан е сојузник на САД во борбата против тероризмот. Само што, како што, вели Сиринкјон, кризата во Пакистан покажува дека стратегијата на Буш пропадна: “Пакистан докажа дека цело време сме барале закани на погрешни адреси. Тоа не се непресметливите држави кои еден ден би можеле да поседуваат атомско оружје, туку се сите нации кои имаат атомско оружје. Особено, се разбира, една толку нестабилна држава, како Пакистан.“