1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пријатели отсекогаш!

Карстен Шмистер 8 ноември 2007

Претседателот Никола Саркози во Вашингтон му беше гостин на неговиот американски колега Џорџ Буш. Посета која веројатно ќе влијае на релацијата Вашингтон - Париз, по времињата на затегнати односи меѓу двете држави.

https://p.dw.com/p/C5YF
Никола Саркози и Џорџ БушФотографија: AP

Со овој другар најдобро се разбирам, вели американскиот претседател за неговиот гостин од Франција, претседателот Никола Саркози.

Пријатели и веќе нема бојкот на познатиот „french fries“: Тоа беше пораката на Саркози при посетата на земјата, каде омилениот помфрит пред не така долго време го преминуваа во „freedom fries“ – мировен помфрит поради бес за француското Не за војната во Ирак. Но тоа беше вчера, денеска новиот француски претседател е добредојден во САД како „french friend“ пријател од Франција кој и самиот зборува за не така хармоничното минато меѓу двете земји „Добро, по прашањето за Ирак имаше различни мислења. Тоа е точно, но не би требало да ги стави под знак прашање пријателството и солидарноста на нашите држави.“

Саркози и Буш со исти ставови за светските теми

Во меѓувреме и Џорџ Буш го има истиот став „Имавме различно гледање на работите. Но денеска не повеќе кога станува збор за тоа да им се помогне на младите демократии кои имаат потерба од помош од оние кои живеат во слободни општества.“

Толку за Ирак. Ниту Саркози ни Буш не се загубија во деталите околу идната соработка или пак по прашањето за можно засилување на француските трупи во Авганистан. Се задржаа на општите работи. Иран не смее да има атомска бомба, мора да постои слободен Либан и колку што е можно поскоро да се одржат избори во Пакистан, чиј претседател Мушараф би било подобро доброволо да ја симне униформата, смета Буш, кој јасно му го кажал истот и на неговиот сојузник во Исламабад.

При посетата на Соединетите Држави, Саркози кој од своја страна стори се’ за да се поправи грдата слика за Французците, и во Вашингтон кажа дека всушност односите меѓу двете држави никогаш не биле вистински лоши, исто го кажа и во говорот пред конгресот „Да живее Франција, да живеат Соединетите држави, да живее француско – американското пријателство.“ Саркози беше видливо задоволен, а на американска страна не ожнеа ништо помалку од насмевки и еден од најдобрите приеми за еден Европеец во поселедните децении.