1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пријателот на силуваната Индијка со критики за полицијата

СН/ЕМФ/дпа/дапд/ртр/афп5 јануари 2013

Пријателот на Индијката која почина од тешките повреди здобиени по сексуалното злоставување во Њу Делхи за првпат јавно говореше за злосторството и изнесе тешки обвинувања на сметка на полицијата.

https://p.dw.com/p/17EY3
Фотографија: dapd

Денеска (05.01.2012) во Индија започнува судскиот процес против петтемина осомничени за силување на индиската студентка во приватен автобус во Њу Делхи на 16 декември. На извршителите на грозоморното злосторство им се заканува смртна казна. Индиската влада имено, по случајот што ја разбранува и потресе целата земја вети дека против насилството врз жените ќе се бори со „железна рака“.

Како животни

Во меѓувреме, првпат во јавноста проговоре и пријателот кој ја придружувал силуваната студентка во автобусот во Њу Делхи, а и самиот бил жртва на насилниците.

Indien Gericht in Neu Delhi Anklage Gericht
Судот во Њу Делхи каде ќе се одвива процесот против обвинетите за силувањето на индиската студенткаФотографија: Reuters

„Злосторниците беа несфатливо брутални. Ни животни не се однесуваат така“, изјави пријателот на студентката за индиската телевизија Зее. Момчето, чиј идентитет телевизијата не го откри, во интевјуто изјави дека повеќе од еден час откако тој и студентката по злоставувањето голи и раскрварени биле исфрлени од автобусот никој на улица не им пришол да им помогне. Пријателот на студентката изјави дека неколку минути бил во онесвестен, а потоа се обидел да запре неколку луѓе на велосипеди и во автомобили за да им помогнат, но сите само продолжувале натаму.

Кога по 45 минути дошле припадниците на полицијата, потрошиле вредни 15 минути во расправа која полициска станица е надлежна за случајот и каде треба да бидат одведени повредените.

„Таа не разбуди сите“

„Ние викавме по нив: ве молиме дајте ни нешто да облечеме, но тие беа зафатени со расправата за тоа каде да не‘ одведат, во која полициска станица и каде би требало да го пријават нашиот случај“, рече момчето. Дури два часа по злосторството неговата пријателка била однесена во болница.

Protest Neu Delhi Indien Vergewaltigung
Бруталното злосторство распламти речиси секојдневни протести ширум ИндијаФотографија: picture alliance/abaca

Момчето кое за време на интервјуто седеше во инвалидска количка уште изјави дека ја посетил својата силувана пријателка во болница и и’ рекол дека напаѓачите се уапсени и и’ ветил оти ќе се бори за неа.

„Таа сите не‘ разбуди со својата храборост. Луѓето би морале да реагираат за да оневозможат вакви злосторства да се повторат, а одговорност на властите е да го спречат тоа“, изјави пријателот на силуваната Индијка.

Овој случај ја разбуди и крена на нозе домашната јавност. Во речиси секојдневните протести беа покренати прашањата за положбата на жената во индиското општество, за функционирањето на полицијата, измените во законодавството, како и за начинот на кој функционираат судовите.