1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проблемот со името пречка за членство во НАТО?

23 јануари 2008

Ризик постои и проблемот со името треба да биде решен побрзо, му соопштиле на премиерот Груевски денеска во Брисел. Тој во Алијансата ги презентираше македонските адути пред априлскиот самит во Букурешт.

https://p.dw.com/p/CwaF
Груевски и ШеферФотографија: DW

Охрабрувачки сигнали за реформите во Македонија слушнал денеска во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер од македонската делегација. Премиерот Груевски пред амбасадорите во Северно атлантскиот совет ги презентираше резултатите од досега оствареното. Оценките се позитивни, но повторно следеше барањето тие да се забрзаат.

„Спор напредок не е напредок. Сега сме во важно време пред самитот во Букурешт. Одлуките за прием се уште не се донесни, тоа и понатму ќе зависи од оствареното“ рече Шефер. Според генералниот секретар се уште има работа во области како на пример правична застапеност и борбата против корупцијата.


Името потенцијален ризик за членство во НАТО


Но, само реформите, може да не бидат доволни Македонија да ја добие очекуваната покана за членство. Едно од главните прашања на денешниот состанок споменато како можен ризик е грчко македонскиот проблем со името. Ставот на НАТО амбасадорите бил дека тоа прашање треба да се реши побрзо, а преговорите да се интензивираат. Потврди и Шефер:

„Евроатлантската интеграција бара добрососедски односи и јас ќе бидам задоволен ако се најде решение за проблемот. Тоа не е задача на НАТО туку на ОН. Ова се последни миљи до Букурешт, но се надевам дека ќе се постигне брзо решение за името. Груевски им ветил:

„Ќе сториме се што можеме за да го решиме овој 17 години стар проблем. Секако да беше лесен ќе го решевме и до сега.“

Ова беше последна шанса за презентација на оствареното пред да биде донесена одлуката за проширување на самитот на Алијасната во Букурешт. Македонската делегација предводена од премиерот Груевски во Брисел има средби со еврокомесарот за проширување Оли Рен и евродипломатот Хавиер Солана.