1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Провокации од познати адреси во Софија

СН/ЕМФ/миа/макфакс14 август 2013

Бугарскатата партија ВМРО-БНД побара бугарската армија да ги прифати отпуштените македонски војници, а политичарот Божидар Димитров смета дека пријателскиот натпревар Македонија-Бугарија е меч од домашната лига.

https://p.dw.com/p/19PPG
Фотографија: Fotolia/SlobodanD

Од пораките во медиумите во Македонија е потврдено дека стотици офицери и старешини од АРМ ќе бараат средба со бугарскиот амбасадор во Скопје, за да се распрашаат околу можност да служат во редовите на бугарската армија, се вели во соопштението на ВМРО-БНД, пренесуваат бугарските медиуми.

„Според информациите во медиумите, стотици борци кои служеа во редовите на АРМ се оставени на работ на социјална катастрофа, поради просрпската влада во Скопје. Очигледно србоманската власт на Груевски сака да го троши државниот буџет на безумните антички градби на скопскиот Дизниленд, наместо да ги одржува воените сили, кои ќе можат да ја издржат албанската агресија, однадвор и одвнатре, насочена против територијалниот интегритет на Република Македонија“, велат од ВМРО-БНД и апелираат до бугарскиот премиер и бугарскиот министер за одбрана да воспостават контакти со овие борци и да направат се‘ што е можно за да ги вклучат во составот на вооружените сили на Бугарија.

Mazedonische Armee

ВМРО-БНД наведува дека ова претставува и стара традиција, односно служењето војска на Бугарите од Македонија во редовите на бугарската армија, бидејќи десетици бугарски генерали, илјадници офицери и подофицери се родени на територијата на денешна Македонија.

Минатата недела, македонскиот интернет портал А1он објави дека околу 120 отпуштени професионални војници, на денот на АРМ, 18-ти август, ќе побараат прием во бугарската амбасада и ќе бараат да служат во армиските редови на Бугарија.

Димитров за фудбалот

Boschidar Dimitrow Stojanow
Божидар ДимитровФотографија: Vladimir Petkov

Претходно, пак, директорот на националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров, изјави дека пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија е натпревар во домашната лига.

Контроверзниот директор за бугарската новинска агенција Фокус изјавил дека бугарската нација во моментов е поделена со граници, а запрашан за натпреварот, тој упатил и критики за навичката група „Комити“, која според него е просрпска.