1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продадено најскапото уметничко дело на сите времиња

ЕМФ/дв13 ноември 2013

Триптихот на ирскиот сликар Френсис Бејкон, на којшто е насликан неговиот пријател, исто така сликар, Луцијан Фројд, на аукција во Њујорк е продаден по највисока цена во историјата.

https://p.dw.com/p/1AGJj
Фотографија: reuters

Триптихот создаден во 1969 година, кој аукциската куќа „Кристи“ се надеваше дека ќе го продаде за околу 90 милиони долари, ги надмина сите очекувања. Тој е најскапото уметничко дело што било продадено на аукција - 142,4 милиони долари (106 милиони евра)! Со тоа триптихот е поскап за речиси 22 милиони долари од сликата на Едвард Мунк „Крик“, која по цена од 120 милиони доалри беше продадена пред една и пол година.

Сликите од триптихот го прикажуваат добриот пријател на Френсис Бејкон, англискиот сликар Луцијан Фројд, внук на психоаналитичарот Зигмунд Фројд. Трите слики од триптихот се високи по два метра, а широки по речиси метар и половина. Двајцата уметници, инаку, се сликале меѓусебено неколку пати. Фројд почина во 2011 година во Лондон, а Бејкон во 1992 година во Мадрид.