1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продлабочена политичката криза во Украина

25 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnvU

Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска со указ ја презеде контролата врз специјалните полициски сили кои се задолжени за внатрешната безбедност во земјата. Министерот за внатрешни го отфрли декретот како нелегален. Кризата меѓу прозападниот претседател Јушченко и владината проруска коалиција повторно се продлабочи откако претседателот го смени јавниот обвинител што предизвикало интервенција на специјалците во тој политички конфликт. Инаку Украина е во сериозна политичка криза од почетокот на април.