1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат посредничките напори во Кенија

Engelhardt, Marc10 јануари 2008

Претседателот на Гана и актуелен претседавач на Африканската унија Џон Куфур ги зопочна посредничките напори за окончување на внатрешно - политичката криза во Кенија

https://p.dw.com/p/CnI0
Куфур и Кибаки во НајробиФотографија: AP
Поимот тивка дипломатија претседателот Куфур буквално го разбира: и 24 часа по пристигнувањето во Најроби не кажа ниту збор пред јавноста. Прво се сретна со претседателот Мваи Кибаки, а потоа и со Раила Одинга кој смета дека е победник на претседателските избори. По неколку часа разговори зад затврена врата, само портпаролот на Одинга, Салим Лоне даде куса изјава: „Имавме опширни разговори со претседателот Куфур. Тој не сослуша, а од своја страна ги соопшти ставовите на господин Кибаки„. Потоа Куфур се врати кај Кибаки. Дали синоќа се приближија ставовите не е познато. Вчера напротив, се беше во знакот на нова бура. Кибаки сосем неочекувано ги именуваше неговиот потпретседател и дел од владата, по што генералниот секретар на опозиционото движење на Одинга, Анјанг Нионго предупреди на нови масовни протести: „Именувањето на кабинетот ги претвора во фарса уверувањата на Кибаки за сериозни разговори со опозицијата. Тоа е шлаканица и за оние што посредуваат на меѓународно ниво. Таканаречениот кабинет на Кибаки требаше да биде предмет на тие посреднички напори„. Стравот од неуспех на преговорите во Кенија е голем, толку голем што и американската пратеничка Џендаи Фрејзер најави дека ќе го продолжи престојот во Најроби.