1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат судирите во Белфаст

АТ/ дпа/ дапд/ афп/ ртр12 јануари 2013

Голем дел од северноирскиот главен град Белфаст синоќа повторно беше блокиран. Про-британските демонстранти гаѓаа со напалм бомби, камења и шишиња.

https://p.dw.com/p/17ItY
Фотографија: dapd

Два дена и две ноќи во северноискиот главен град беше релативно мирно - до синоќа, кога протестатските предизвикувачи на нереди жестоко се судрија со полицијата. Про-британските демонстранти ги нападнаа силите за безбедност со напалм бомби, гаѓаа со предмети, блокираа улици и запалија еден двокатен автобус.

Повредени полицајци

Полицијата, за да ги разбие демонстрантите, употреби водени топови и гумени куршуми. Повеќемина службеници се повредени. На југоистокот на Белфаст полицијата затвори автопат, откако на работ на улицата беше пронајдена бомба.

Nordirland / Belfast/ Flaggenstreit
Фотографија: dapd

Улични борби меѓу протестантите и силите за безбедност се водеа и во местото Карикфергус на околу 15 километрои северно од главниот град. Судири имаше и во соседниот Њутаунеби.

Протестите ги предизвика одлуката на градското собрание на Белфаст од почетокот на декември, според која британското знаме нема да се вее на јавните институции постојано, туку само по специјални поводи, вкупно 18 денови во годината. Протестантите верни на Лондон стравуваат дека со укинувањето на 100 - годишната традиција, британското знаме да се вее на градското собрание, се подготвува патот за отцепување на британската провинција Северна Ирска од Лондон. Ројалистите се против обединување со Република Ирска.