1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат тензиите на палестинските територии

17 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxSD

Новата кризна палестинска влада именувана од претседателот Махмуд Абас денеска треба да положи заклетва без за неа да биде гласано во парламентот во кој доминираат претставници на радикалното движење Хамас. Рамалах соопшти дека во новата влада на премиерот и министер за финансии Салам Фајад има само независни експерти. Хамас не го прифаќа новиот кабинет. Досегашниот премиер Ханија назначи нов шеф на безбедносните сили во Газа која од петокот е под контрола на Хамас. Од друга страна палестинскиот претседател Абас доби поддршка од Блискоисточниот квартет и Израел, кој најави дека новата влада отвора можност за продолжување на мировните преговори. Во меѓувреме насилствата меѓу Хамас и Фатах продолжуваат. Само во последниве 24 часа, загинаа четири лица, а над 10 се ранети.