1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува домашниот притвор за лидерот на опозицијата во Мијанмар

Бернд Муш-Боровска28 мај 2008

И по цели пет години, воената хунта на Мијанмар го продолжи притворот за лидерот на опозицијата Аунг Сан Су Ќи за натамошни шест месеци.

https://p.dw.com/p/E766
Лидерот на опозицијата Аунг Сан Су Ќи снимена пред шест месециФотографија: AP


Одлуката на режимот за продолжување на домашниот притвор во домот ја донесе висок полициски офицер. 62-годишната Аунг Сан Су Ќи мина дури 12 од последните 18 години во различни видови на лишување од слобода. На слобода не се повеќе ни 20-тина нејзини приврзаници кои вчера се обидоа да демонстрираат за нејзино пуштање на улиците на Рангун. Пред централата на опозиционата партија „Национална лига за демократија“ имаше повеќе полициски возила, меѓу кои и блиндиран автобус за превоз на затвореници, како и пожарникарски возила. Внатре сопартијците на Аунг Сан Су Ќи славеа 18 години од победата на парламентарните избори, која воената хунта никогаш не ја призна.

Противуставна мерка

Според адвокат на семејството на лидерот на опозицијата домашниот притвор требало да заврши уште минатата недела. Тогаш имено се навршувале вкупно пет години. Тоа е максималното траење што го дозволува уставот на Мијанмар. Сегашното продолжување за уште шест месеци е значи противуставно. За пуштање на слобода на водачот на опозицијата нејзини приврзаници демонстрираа и пред амбасадата на Мијанмар во Бангкок.

Протести и во Тајланд

Тие протестираа и против одолговлекувањето на меѓународната хуманитарна помош за погодените од ураганот „Наргис“: „Помошта од ОН се’ уште не пристигнува до луѓето. Меѓународните хуманитарни организации и понатаму мораат да вршат притисок за да добијат дозвола за влез во земјата....“

Амбасадата на Мијанмар во Тајланд инаку и понатаму е затворена откако во понеделникот изби пожар. Наводно станува збор за несреќен случај, што не го погодфи визното одделение.

Во меѓувреме во Мијанмар влегува се’ повеќе странска помош. Координаторот за хуманитарна помош на ОН Ричард Хорсеј порача дека ако се’ се одвива добро, тогаш до крајот на неделата помошта ќе стигне конечно до сите погодени.