1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува заложничката драма во Алабама

БГ/миа4 февруари 2013

Полицијата е на готовс, но не може да преземе ништо против воениот ветеран кој застрела возач на автобус и држи како заложник петгодишно момче во подземен бункер.

https://p.dw.com/p/17XTo
Фотографија: Reuters

Во американската држава Алабама шести ден маж држи во подземен бункер 5-годишно момче како заложник. Полицијата има директна врска со киднаперот и води преговори со него, јавуваат американски медиуми. Не се соопштува какви се барањата на 65-годишниот Џими Ли Дајкс, ветеран од Виетнам, пензиониран возач на камион. Според полицијата, киднаперот не е во роднинска врска со детето.

Во градот Мидланд Сити, каде се случува инцидентот, вчера беше погребан возачот на училишниот автобус убиен од Дајкс. Пред пет дена тој влегол вооружен во автобусот и се обидел да киднапира две деца. Возачот му се спротиставил, но бил застрелан од него. Дваесетина деца успеале да избегаат, но едно од нив Дајкс успеал да го киднапира. Локални жители тврдат дека тој бил настроен против владата. Имал бункер во кој се подготвувал да живее при евентуални катаклизми. Киднаперот им дозволил на властите да спуштат во бункерот книги и лекови за киднапираното момче, кое се вика Етан и боледува од аутизам, а неделава има роденден.