1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува политиката на евтини пари

АТ/ афп/ дпа/ ртр11 јули 2013

Шефот на американската централна банка Бернанке им се спротистави на шпекулациите, дека треба да се смета на скорешен крај на ниските камати. „На САД се' уште и е потребна оваа политика“, рече тој. ЕЦБ е на иста линија.

https://p.dw.com/p/196I5
Фотографија: AP

Пазарот на трудот се' уште е преслаб, а стапката на инфлација прениска, за да се смени актуелниот курс, рече Бернанке пред економските експерти во Кембриџ во американската сојузна држава Масачусец. Освен ова длабоките резови кај јавните давачки воведени во март се'уште не се целосно делотворни. „Земено се'вкупно може да се смета на тоа дека екстремно флексибилната монетарна политика во догледно време е она што му е потребно на американското стопанство“, рече шефот на Централната банка Фед (на насловната фотографија).

Прашањето, кога купувањето на обврзници, кое ги притиска каматите, ќе биде надминато со недели се одразува врз финансиските пазари. На крајот на минатиот месец шефот на Фед Бен Бернанке даде претпазливи навестувања, дека би можело да почне намалено купување обврзници, на што берзите во светот реагираа со спонтано паѓање на курсевите.

85 милијарди долари - месечно

Во моментов Централната банка на САД секој месец стекнува хипотекарни хартии од вредност и државни обврзници во висина од 85 милијарди долари, за да ги потиснува каматите. Со евтините пари треба да биде поттикнато стопанството. Ликвидноста на пазарите истовремено ги поттикнува и финансиските пазари, а акциите при ниски камати стануваат поатрактивни како вид на инвестиција.

Исто така и Европа ја продолжува политиката на екстремно евтини пари за догледно време. Во последниот месечен извештај Европската централна банка пишува: „Советот на ЕЦБ смета дека водечката каматна стапка на ЕЦБ за подолго време ќе остане на актуелното или пониско ниво“. Со ова централната банка ја прекрши долгогодишната традиција, однапред да не се позиционира по монетарно- политички прашања.

Профитира еврото

Исто така и јапонската Централна банка останува на својата лабава монетарна политика. Претседателот на Централната банка Харухико Курода соопшти дека во рок од околу две години треба да биде постигната стапка на инфлација од два проценти. Стопанството почнува полека да се опоравува, ја образложи Банката на Јапонија одлуката.

Најавата на Бернанке на пазарите со акции во Азија им донесе големи добивки. Исто така на Далечниот Исток и еврото извесен период забележа пораст од три проценти.