1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Производството на храна пред профитот

16 октомври 2010

По повод 16 октомври, Светскиот ден на храната, добротворната организација „Леб за светот“ и Организацијата за човекови права ФИАН, укажаа на опасностите од трендот на продажба на плодно земјиште за масовно производство.

https://p.dw.com/p/Penr
Мапа на светот од житарици: симбол на гладта во светотФотографија: DW

Се` повеќе земји во развој изнајмуваат или продаваат земјиште на интернационални концерни за одлгледување култури наменети за извоз. Индустриското земјоделство, за потребите во производство на биолошки горива или добиточна храна, бара огромни земјоделски површини кои, пак, им се потребни на локалните земјоделци. Евангелската организација за помош „Леб за светот“ и нејзиниот партнер, Организацијата за човекови права ФИАН порачаа дека производството на храна мора да стои пред интересот за профит, што, според нив, е единствен начин за смалување на бројот на гладни луѓе во светот.

Symbolbild Hunger
„Сиромашните најмногу губат“Фотографија: dpa

На овогодишниот Светски ден на храната и борбата против гладот би требало да има повеќе причини за задоволство кај упатените, бидејќи според проценките на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, бројот на гладни луѓе во светот, во споредба со лани, се намалил за 70 милиони и сега изнесува околу 925 милиони луѓе. Сепак, организациите за помош и човекови права изразуваат загриженост што многу развиени земји, меѓународни компании и инвестициски фондови обезбедуваат земјоделски имот за свои потреби во досега непознати размери. По финансиската криза, очигледно повторно е профитабилно да се инвестира во земјоделството. Каролин Калениус, експерт за исхрана од организацијата „Леб за светот“, вели дека компаниите од оваа сфера очекуваат голема добивка: „Во моментов се одвива вистинска трка за плодни земјоделски површини на кои не се одледуваат традиционални култури за извоз како памукот или кафето, туку се сади репка за биогорива и житарици наменети исклучиво за извоз! Освен тоа, потрошувачката на месо, која постојано расте, предизвика засилено производство на добиточна храна.“

Оние кои најмногу губат во ваквата ситуација се сиромашните кои гладуваат и буквално зависат од увозот на прехранбени продукти, како на пример, ситните земјоделци, рибарите и луѓето кои живеат во племиња. Токму ним им се одзема најважната основа за производство: нивното плодно земјиште.

Dossier Internationale Menschenrechte - Kinder Hunger
Деца на Хаити, најгладната нација на западната хемисфераФотографија: AP

Затоа, кампањата за безбедност на храната, почната од организацијата „Леб за светот“, бара распределбата, односно продажбата на обработливи површини да се води според потребите на најсиромашните и притоа во одгледувањето култури и во продажбата да се постават строги еколошки и социјални критериуми.

Земјоделскиот експерт, Роман Хере, од Организацијата за човекови права ФИАН, која се бори за унапредување на основното право на храна, е добро запознаен со инвестициите во областа на земјоделството: „При секоја иницијатива за инвестирање се говори за развој и фер политика, но на лице место не се преземаат никакви мерки. Напротив, се уништуваат бројни средства потребни за основна егзистенција, а инфраструктурата за која постојано се зборува, најчесто е инфраструктура наменета за обработка на земјиштето, а не за локалните жители.“

Каролин Калениус бара да се заштитат овие луѓе и смета дека против ваквите иницијативи, со кои грубо се кршат човековите права, мора да бидат поднесени тужби. „Тоа значи дека компаниите и нивните доставувачи мора да преземат одговорност заедно со земјите со коишто склучуваат штетни договори. На крајот на краиштата, она што сакаме е германската влада да се залага за строги директиви на ниво на Светската организација за храна при Обединетите нации која ги одредува критериумите за одземање и распределба на земјоделско земјиште.“

Автор: Сабине Рипергер / Далибор Стајиќ

Редактор: Симе Недевски