1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Проксима" место "Конкордија"

15 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRQ
Полициска единица на Европската унија денеска во Македонија ќе ги замени европските војници. Околу 200 полицајци ќе ги поддржуваат и ќе ги советуваат македонските власти во мисијата предвидена да трае една година. Со тоа всушност се потврдува дека заканите за стабилноста на Македонија ве меѓувреме не доаѓаат од етничкиот конфликт меѓу албанското малцинство и македонското мнозинство, туку од организираниот криминал. Единицата на Унијата нема да учествува во полициски акции. Првата воена операција воопшто на Европската унија, по скоро две години, така завршува. За безбедноста во земјата најнапред се грижеа војници на НАТО. Во април годинава дојдоа Европејците, не за да пукаат туку да посредуваат меѓу страните во конфликтот. Така вели мајор Карстен Бос:
"Ние не сакаме ни себе да се браниме. Тоа не е наша задача, туку сакаме да разговараме со луѓето. Патот по кој тргна оваа земја покажува дека сите страни можат да соработуваат".
Во случај мајор Бос и неговите да бидат нападнати секогаш можеа да повикаат хеликоптер на НАТО, но до таков случај не дојде. Врз околу 500 европски војници, меѓу нив и 50 германски, немаше напади. Па, сепак зад нив беше НАТО. Македонија, додуша, се уште е немирна, меѓутоа НАТО и ЕУ со нивните мисии успеаја да спречат граѓанска војна, тврдат гордо генералите. Успехот го обезбеди заедничкиот настап. Кога Хавиер Солана пролетоска ја предложи мисијата, тоа не значеше НАТО надвор ЕУ внатре, туку заедничка соарботка. Првата европска мисија го носеше името "Конкордија", а соработката најнапред требаше да биде усогласена, вели германскиот адмирал Рајнер Фајст, кој ја подготвуваше мисијата на ЕУ:
"Тоа беше тешка вежба за обете организации. Се требаше да правиме првпат што бараше малку повеќе време". "Конкордија" сега ја наследува "Проксима". Станува збор за полициска мисија во која исто така учествува Германија. Полицајците треба да го продолжат она што го постигнаа војниците кои се веќе дома, што е заслужено, смета мајорот Карстен Бос:
"Ние овде имаме интересна работа. Имаме благодарен народ и гледаме дека можеме нешто да придвижиме".